Навивачите на шкотскиот великан Ренџерс повторно ја покажаа својата темна страна и овојпат на мета на нивните навреди се најде папата Франциск, кој почина во текот на вчерашниот ден.
Контроверзната подгрупа „Union Bears“, позната по своите провокации, на ѕид спроти автопат нацрта рафит со пораки: „Нема веќе римски папа“ и „Папата Франциско е мртов“, алудирајќи на своите најголеми ривали, Селтик, клуб кој традиционално се поврзува со католичката заедница, додека Ренџерс се идентификува со протестантската.
Оваа срамна провокација е само уште еден обид навивачите на Ренџерс да го навредат ривалот од Глазгов, а ваквите постапки не се новитет – во минатото, посебно во периодот од 30-тите до 70-тите години, важеше непишано правило дека католички играчи не може да настапуваат за Ренџерс, иако некои го негираат тоа.
21.04.2025🏴Union bears graffiti about the death of Pope Francis
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) April 22, 2025
Few hours later Celtic change the graffiti, reminding rangers that they lost all material earlier this season, click for more here: https://t.co/LFfASN4nZv pic.twitter.com/EE69EK9Wov