Срамен потег: Навивачите на Шкендија ја исвиркаа химната на Македонија! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Финалето од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија на Националната арена „Тодор Проески“ започна со инцидент на трибините.

Додека се интонираше македонската химна пред почетокот на натпреварот, дел од навивачите на Шкендија останаа седнати и упатија свирежи, што предизвика реакции во јавноста.

Сцените од трибините повторно отворија дебата за односот кон државните симболи на спортските натпревари во Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×