80
По тензиите
помеѓу Нејмар и Килијан Мбапе, медиумите најавија состанок на кој ПСЖ ќе се
обиде да ја смири ситуацијата, но како што пренесува Ле Паризиен, средбата веќе
била одржна.
Спортскиот
директор Луис Кампос вчера се сретнал со двајцата играчи и им порачал дека епизодата
од дуелот против Монпеље не треба да се повтори и нивното однесување во никој
случај не треба да влијае врз перформансите на тимот.
Тој исто така им
одржал лекција дека валканиот веш не е за во јавност и недоразбирањата кои ги
имаат не треба да се решаваат долу на теренот пред камерите и да ги гледа цел свет.