Спортскиот директор кој доби отказ од Ајакс е под истрага за матни игри при трансфер на Хрват во последниот ден од преодниот рок

by
1 минути читање

Свен Мислинтат пред
пет месеци се пресели на „Амстердам Арена“ и изминатово лето ја водеше трансфер
политиката, која не ги даде очекуваните резултати, па по хаотичниот старт во
новата сезона и серијата слаби резултати, тој доби отказ.

Но ќе има и трето
полувреме, Ајакс води истрага за матни игри на Свен Мислинтат при трансферот на
Борна Соса во последниот ден од преоднот рок.

Хрватот беше пред
преселба во Севиља, но се предомисли и се пресели во Ајакс во зделка вредна
околу 8 милиони евра.

Сомнително е тоа
што Борна Соса прво го променил агентот и потпишал со агенцијата АКА Глобал,
која ќе ja добие провизијата од Ајакс за зделката.

Истрагата
покажува дека АКА Глобал има бизнис врски со Свен Мислинтат, односно има влог
во компанијата „Мечметрикс“ која пред неколку години е основата од сега веќе поранешниот спортски директор на
Ајакс.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани