Спорт: Ништо и никој нема да го предомисли Меси, одлуката за заминување од Барса е конечна!

by
2 минути читање

Лео Меси синоќа испрати итен допис до раководството на Барселона со кое бара да замине ова лето и беспари, односно да ја активира клаузулата со која може еднострано да го раскине договорот.

Потоа следеа огромен број на шпекулации, Манчестер Сити се посочува како следна дестинација, но има и такви кои веруваат дека Лео Меси нема да замине и на ова гледаат како на притисок врз претседателот Жозеп Мариа Бартомеу.

Сепак, каталонскиот весник Спорт вели дека нема назад, односно ништо и никој нема да го предомисли Лео Меси. Не се работи за одлука донесена во момент, односно понижувањето од Баерн во Лигата на шампиони или расправија со Жозеп Мариа Бартомеу, туку добро обмислена одлука.

Ниту оставка на претседателот може да ја промени одлуката на Лео Меси, и единствено останува да се најде решение за начинот на кој напаѓачот ќе замине.

Лео Меси е убеден дека клаузулата со која може да се ослободи од договорот се уште може да се активира и покрај тоа што пишува дека истекува на 10. јуни. Аргентинецот и неговите адвокати сметаат дека датумот 10. јуни всушност преставува десет дена по крајот на сезоната, па со оглед на тоа дека сезоната сега заврши на 23. август, клаузулата се уште е важешка.

Во секој случај, Лео Меси не сака да влезе во војна со Барселона и се надева дека раководството ќе го продаде за разумна сума, односно бројка далеку помала од откупната клаузула од 700 милиони евра.

Со слична сторија излезе и новинарот Алфредо Мартинез од Онда Серо кој на социјалните мрежи напиша: „За оние кои се надеваат дека нешто ќе се промени. Меси донесе одлука од која нема назад. Не се работи за тоа да се опипа пулсот на Бартомеу. Ниту негова оставка нема да го сопре Меси да замине. Тој повеќе нема да го носи дресот на Барса. Тажно но вистинито“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×