Според „Франс фудбал“ и Манчестер Сити и Ливерпул се подобри од Реал Мадрид

by
1 минути читање

Изборот на најдобрите на „Франс фудбалот“ изгледаше логично и нормално се додека не беше доделена наградата за најдобар клуб, тогаш следеше контроверзен избор.

Сите очекуваа дека наградата ќе ја добие Реал Мадрид кој ја освои и Лигата на шампионите и Примера, но за најдобар беше прогласен Манчестер Сити кој ја освои само Премиерлигата.

За одлуката да биде уште посмешна стои фактот дека овие два клуба се сретнаа меѓусебно во полуфиналето од Лигата на шампионите и Реал Мадрид го елиминираше Манчестер Сити.

Но тоа не е се, Реал Мадрид не е ниту втор најдобар клуб според „Франс фудбал“, второто место му е доделено на Ливерпул кој беше втор во Премиерлигата и финалист во Лигата на шампионите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×