125
Ференцварош одигра само реми со резултат 1-1 пред своја публика во првиот меч против
израелскиот тим Макаби Тел Авив во првото квалификациско коло за Лига Европа.
Токму Стефан
Спировски, нашиот интернационалец во 61. минута ги доведе во почетно водство
Унгарците кои во финишот од средбата во Будимпешта прокоцкаа победа па со тој
резултат ќе патуваат на реваншот.
Голот на
Спировски дојде откако Македонецот искористи една чиста ситуација да погоди во
противничкиот гол, налета на
одбиена топка и донесе радост, барем за момент на домашната публика.