Патот на Мајкл Олисе до врвот не бил ни малку лесен, а една приказна од неговите почетоци најдобро ја покажува неговата посветеност. Неговиот поранешен тренер Марк Бовен откри дека како тинејџер, додека настапувал за Рединг, Олисе често спиел во автомобилот пред тренинг-центарот за да не доцни.
„Секое утро кога доаѓав на тренинг, Мајкл само седеше во својот автомобил и цврсто спиеше“, рече Бовен.
Французинот тогаш живеел во Лондон и секојдневно патувал до Рединг, па за да избегне сообраќај, тргнувал уште во раните утрински часови.
„Рече дека не сака да се заглавува во сообраќај и да поминува премногу време во автомобилот. Веројатно тргнувал во 05:30 часот наутро за да стигне на време. Ќе пристигнеше на тренинг, а потоа ќе заспиеше на воланот“, додаде Бовен.
Неговата приказна станува уште поинтересна ако се знае дека бил отфрлен од академиите на Челзи и Манчестер Сити пред да добие вистинска шанса.
Од Кристал Палас направи трансфер од соништата во Баерн Минхен за 54 милиони евра, а денес вреди околу 140 милиони.