Спектакуларно реми на Болоња и Интер за крај на сезоната (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Болоња и Интер приредија вистински спектакл во последното коло од Серија А, откако на „Ренато Дал’Ара“ одиграа возбудлив натпревар без победник 3-3.

Шампионот Интер прв стигна до водство преку Федерико Димарко, но домашниот тим брзо одговори и со головите на Федерико Бернардески и Томазо Побега направи целосен пресврт уште во првиот дел.

Во продолжението „нераѕурите“ повторно се вратија во игра преку Пио Еспозито, но Болоња уште еднаш дојде до предност благодарение на автоголот на Пјотр Зиелински. Кога изгледаше дека бодовите ќе останат кај домаќините, Диуф во самиот финиш стрелаше за конечни 3-3.

Интер ја заврши сезоната како сигурен лидер и го врати скудетото, додека Болоња остана на осмото место на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×