29
Навивачката група на Вардар, Комити, вечерва имаа спектакуларен караван како најава за утрешното дерби против Шкендија и шампионското славје кое ќе се случува по натпреварот.
Комитите вечерва се собраа во огромен број, тргнаа од Ново Лисиче и со песна и факели го минаа целиот град наговестувајќи го утрешниот славенечки ден.
Вардар во минатото коло ја завери шампионската титула, а утре во славеничка атмосфера ќе ја заокружи успешната сезона.
Црвено-црните од 18 часот играат против Шкендија, а потоа во Градски парк ќе се случува прославата на титулата.
Фото: Виктор Настески