Спектакл на Камп Ноу со шест голови, немаше победник меѓу Барселона и Манчестер Сити (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Пеп Гвардиола се врати на Камп Ноу и играше против својот поранешен фудбалер, Чави Ернандез.

Манчестер Сити поведе со гол на Алварез во 21. минута, а осум минути подоцна Обамејанг изедначи на 1-1.

Во 66. минута Френки де Јонг погоди за комплетен пресврт и водство на Барселона од 2-1, но Палмер четири минути подоцна израмни на 2-2.

Мемфис Депај во 79. минута даде гол за ново водство на Барселона од 3-2, а Ријад Марез од пенал во 99. минута ги постави конечните 3-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×