Германија го
доживеа најтешкиот пораз во последните 90 години (претходно црн рекорд беше поразот од 6-0 од Австрија во
1931 година) вечерва избраниците на Јоаким Лев загубија на гостувањето во
Шпанија со 6-0.
Во меч кој го
одлучуваше првото место на групата, „црвената фурија“ одигра моќно и се избори
за настап на Ф4 турнирот во Лигата на нации.
Алваро Мората го
отвори резултатот во 17. минута, напаѓачот го натскока Гнабри по еден корнер од
десната страна и погоди за 1-0. Во 33. минута, по една убава акција, Олмо ја
затресе пречката а Торес ја смести одбиената топка во мрежата за 2-0. Пет
минути подоцна, Родри добро се снајде по корнер од левата страна и со глава го
матираше Нојер за 3-0.
По десетина минути
игра во второто полувреме беше најавена катастрофа, Шпанија отвори контра а
Феран Торес реализираше за 4-0. Во 71. минута следуваше нова брза акција а
Феран Торес од врвот на шеснаесетникот пласираше за хет-трик и 5-0.
Во последните
мигови од мечот, Ојарзабал стави точка и ги постави конечните 6-0.
Франција со нова победа од 4-2 над Шведска го потврди првото место во својата група и настапот на завршницата од Лигата на нации.