Беа потребни само 45 минути за прашањето за победникот да биде решено. Шпанија даде дури четири голови во првиот дел.
Поведоа уште во петтата минута со гол на Бонмати, но шест минути подоцна Кодина си постигна автогол и изедначи на 1-1.
Сепак, ремито не траеше долго, Редондо Ферер во 17. минута го врати водството на Шпанија, а Бонмати со својот втор гол на мечот во 36. минута зголеми на 3-1.
Пред самиот крај на првиот дел Кодина се искупи за автоголот, овојпат погоди во противничката мрежа за убедлива предност на Шпанија од 4-1.
Во вториот дел, во 70. минута во листата на стрелци се запиша и Хермосо за конечна победа на Шпанките од 5-1.
Во четвртфиналето тие ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Холандија и Јужна Африка.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.