Спалети си оди од Наполи иако му го донесе Скудетото!?

by
1 минути читање

Наполи автоматски ја активирал клаузулата во договорот на Спалети според која тој треба уште една сезона да биде тренер на тимот.

Спалети се надевал дека по освојувањето на Скудетото ќе седне со раководството на клубот на преговори за нов договор според кој ќе добие покачување на платата.

Автоматското активирање на клаузулата го изнервирало, особено што не му ни било соопштено.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека односите на Спалети и Де Лаурентис се крајно нарушени и тренерот сака да го напушти Наполи по секоја цена.

„Тутомеркато“ ги посочува Антонио Конте и Рафаел Бенитез како можни наследници на Спалети.

Други информации велат дека ситуацијата сепак може да се смири и Спалети да остане, но никој не негира дека има тензична атмосфера меѓу тренерот и претседателот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×