Македонија го
расипа дебито на Лучано Спалети на кормилото на „аѕурите“, Енис Барди
мајсторски погоди од слободен удар и донесе поделба на бодовите откако
претходно Чиро Имобиле реализираше за водство на Италија.
„Се мачевме со
одбиените топки, не бевме толку солидни во дефанзива при овие ситуации и
дозволувавме фудбалерите од средниот ред на противникот да го вратат поседот“ –
рече Лучано Спалети по последниот свиреж на судијата.
„Одигравме
пристоен натпревар, не им дозволивме да креираат многу шанси, малку немавме
трпение за правото додавање кога ни се укажуваше простор за тоа“.
„Можевме да
одиграме поквалитетно, но Македонија се бранеше со петмина, па тешко отваравме
простор. Тоа особено беше невозможно поради состојбата на теренот, нема шанси
добро да додавате на вака лош терен“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.