Спалети: Се надевам Михајловиќ ќе седи покрај Марадона и заедно ќе гледаат…

by
1 минути читање

Пред
пријателскиот натпревар помеѓу Наполи и Виљареал, Лучано Спалети се прости од
Синиша Михајловиќ и му оддаде почит на својот колега.

„Ова е навистина тажен момент за фудбалот,
Синиша секогаш беше фер противник“
– вели тренерот на Наполи.

„Секогаш беше
јасен и транспарентен што мисли, не сакаше маски, особено кога беше болен. Не
научи никогаш да не се откажуваме и да не ја веднеме главата кога е тешко, без
разлика дали сме на теренот или надвор“.

Тој потоа се потсети
на уникатното постигнување на Србинот, кога против Сампдорија постигна три гола
од слободен удар.

„Секогаш кога се
подготвуваше да изведе слободен удар, се криев зад клупата бидејќи прецизноста
и силата на неговите удари беа едноставно невозможни“.

Спалети на крајот
додаде: „Паметам кога последниот пат се сретнавме во Болоња, изрази симпатии за
мојот тим, градот Неапол и нашите шанси да се бориме за титула“.

„Би било убаво да
ја имаме неговата поддршка, се надевам ќе ги гледа натпреварите седнат до
Марадона“. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани