Спалети: Работиме на детали за мечот со Милан

by
1 минути читање

Наполи за кратко време доживеа два порази од Милан, а утре има нов дуел кој мора да го добие доколку сака да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите.

„Работиме на детали и анализираме што се случи на првиот меч. Секогаш има работи кои можат да се поправат. Милан има сила и техника. Нивниот голман исто така го користат како дефанзивен плејмејкер. Мораме да внимаваме на деталите и да бидеме претпазливи. Тоа ќе не донесе до позиција да бидеме подобри од нив“, вели Спалети.

„Го имаме искуството. Игравме многу натпревари во Лигата на шампионите каде покажавме зрелост и карактер. Не гледам зошто и утре да не биде така. Секогаш постои можност да се сврти резултатот. Очекувам тимот да го направи тоа“.

„Треба да играме на нормален начин и да дадеме се од себе. Дали ќе успееме ќе зависи од тоа дали тоа што сме го работеле фудбалерите ќе можат да го исполнат на теренот. Тоа ќе биде награда за овој град. Мора да дадеме се од себе“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×