Спалети откри што му кажал на Жоржињо по пеналот кој му го фати Димитриевски

by
1 минути читање

Жоржињо важи за одличен пеналџија, но влезе во катастрофална серија за италијанската репрезентација. Во финалето од ЕП 2020 на Вембли против Англија промаши пенал. Потоа не реализираше два пенали против Швајцарија во квалификациите за СП, а синоќа не му даде гол ниту на Димитриевски од белата точка.

Но и покрај ваквата ужасна статистика, Спалети има доверба во Жоржињо и му рекол дека ќе го шутира и следниот пенал за Италија.

„Жоржињо имаше одличен меч но и деликатен. Му кажав дека ќе го шутира и следниот пенал и тој се сложи“, открива Спалети.

×