203
Денешниот тест натпревар на Наполи на вториот ден од подготовките во Кастел ди Сангро донесе искри. Како што пренесуваат медиумите, Виктор Осимен влегол во вербална расправија со Замбо Ангиса откако Камерунецот малку поостро стартувал врз новајлијата Лео Остигард.
Лучано Спалети веднаш реагирал и се обидел да ги смири страстите, но Виктор Осимен продолжил да дофрла.
Тренерот потоа решил да покаже кој е главен, па го избркал Виктор Осимен од тренинг и го испратил во соблекувална.
Од она што го пренесуваат новинарите кои го следеле тренингот, Лучано Спалети му рекол на Виктор Осимен: „Многу зборуваш, ајде на туширање“.