Спалети: Елмас ми е како син, утре кога ќе го прегрнам емоциите ќе бидат големи

by
2 минути читање

Спалети и Елмас заедно го освоија Скудетото со Наполи. Судбината сакаше првиот противник од тој тим на Лучано да му биде македонскиот фудбалер.

„Елиф Елмас ми е како син, јас секогаш можев да сметам на неговата расположеност за соработка. Тоа е играч на врвна класа, и мислам дека утре ќе имаме силни чувства кога ќе се прегрнеме. Емоциите ќе бидат големи. Станува збор за исклучително силен играч кои ги познава добро сите соиграчи“, вели Спалети.

Селекторот на Италија вели дека многупати го гледал мечот во Палермо кој го доби Македонија, од него извлекле многу поуки.

„Мечот во Палермо го гледав многупати, ако сакате можам и да ви го раскажам. Го анализиравме и од тој меч изведовме многу заклучоци кои ќе ни користат за градење на играта“.


@2024 – Сите права задржани