Спалети е прв фаворит за нов селектор на Италија, но се прашува Наполи!

by
1 минути читање

Габриеле Гарвина, првиот човек на италијанската федерација (ФИГЦ) има голема желба Спалети да го седне на кормилото на „аѕурите“ и веќе стапил во контакт со тренерот кој по завршување на минатата сезона реши да си замине од Наполи и да земе една година одмор. На Спалети му е понудена тригодишна соработка до завршување на Мундијалот во САД во 2026 година.

Но, проблем е што Спалети сѐ уште е врзан со Наполи поради договорот што го имаше без оглед на неговото заминување и сега ФИГЦ треба да плати 3,2 милиони евра за да го ослободи тренерот за да го назначи за селектор.

Федерацијата овие пари не сака да ги плати, според последните информации, па за денеска се најавени разговори за да се изнајде солуција и Спалети да седне на клупата.

Ако се најде разрешница, Спалети ќе дебитира како италијански селектор во Скопје на 9 септември во евроквалификацискиот меч со Македонија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани