На мечот имаше една спорна ситуација, судијата Симон Марчинак не досуди пенал за Наполи по еден старт на Леао врз Лозано.
„Сите ќе се согласат, освоен оние кои го носат дресот на Милан дека судијата правеше грешки во првиот натпревар. Имаше пенал и сега, беше чист како ден, врз Лозано. Може да видите од повторените снимки дека зглобот се движи и не доаѓа до топката. Не може почист пенал од тоа, не може да не го досудите тоа. Тоа е чист фаул“, вели Спалети.
„Честитки за Милан, за нивниот пласман во полуфиналето. Во двата меча тие искористија повеќе од нивните шанси, тоа е знак на зрелост на тимот кој знае кога да притисне, а кога да се брани со повеќе фудбалери“.
„Исто така имам комплименти за моите фудбалери кои играа во Лигата на шампионите на многу високо ниво. Плативме за неколку наивни моменти, плативме за неискуство да се справуваме со такви моменто во важен меч“.
„Пред репрезентативната пауза бевме во фантастична форма, но потоа многу фудбалери се мачеа откако се вратија. Осимен беше повреден. Ја загубивме таа форма која ја имавме претходно“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.