Лучано Сплаети има јасна визија како треба да изгледа новиот Јувентус и ги избрал засилувањата за клучните позиции во тимот.
И покрај тоа што сезоната заврши разочарувачки и без пласман во Лигата на шампиони, Лучано Спалети остана на кормилото на Јувентус и веќе го крои новиот тим.
За да креира победнички тим, стратегот бара нов голман, нов централен дефанзивец, фудбалер од средниот ред, офанзивен фудбалер од средниот ред и еден до двајца напаѓачи.
За голманската позиција се разгледуваат Емилијано Мартинез и Гуљелмо Викаријо, за одбраната Ким Мин Џае или Џоел Ордоњез, во средниот ред е Леон Горецка, Брахим Дијаз за позицијта офанзивец во средниот ред, а во нападот Александер Сорлот и Рандал Коло Муани.
Сепак, Лучано Спалети е свесен дека без настап во Лигата на шампиони можеби нема да се реализираат сите посакувани трансфери, па е подготвен да работи со играчите кои клубот ќе успее да ги донесе.