Советникот на ПСЖ објасни што се случувало со Нејмар и Мбапе изминативе месеци

by
1 минути читање

Изминативе месеци
имаше гласини дека ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар, Бразилецот бил понуден на
неколку клубови ширум Европа.

Се шпекулираше
дека Килијан Мбапе се пожалил од недисциплината на неговиот соиграч од
офанзивата и во преговорите за нов договор, едно од барањата било Бразилецот да
го напушти Париз.

„Нејмар во ниту
еден момент не беше блиску до напуштање на ПСЖ. Немаше вистина во гласините кои
кружеа за иднината на Нејмар. Исто така, нема вистина во сториите дека Мбапе
побарал Нејмар да биде продаден“
– вели советникот Луис Кампос.

„Нејмар е навистина добар фудбалер и е дел
од нашиот проект“.

„Минатата сезона имаше проблеми со повредите, но сега сè е како што треба. Секогаш доаѓа
на време, нема пропуштено тренинг освен кога имаше ситна повреда“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×