Совет за Челси како да го извади најдоброто од Мудрик

by
1 минути читање

Мудрик дојде како големо засилување за Челси, но досега не успеа да ги оправда очекувањата, никогаш не блесна во сјајот кој се очекуваше.

Сега стигнува совет од Украина за Челси како да ја подобри формата на Мудрик.

„Според мене Мудрик е најталентираниот и најуникатниот фудбалер во светот. Јас верувам дека со цел да го извадите најдоброто од него, треба да инвестирате во него. И тие инвестиции не се во пари“, вели Серхи Палкин.

„Инвестицијата е во време со тренерскиот тим да комуницира со него и да работи со него. Бидејќи тој е млад, направи промена од украинската лига во Премиерлигата. Тоа е комплетно друг свет, комплетно ново ниво, со фудбал кој е комплетно различен“.

„Јас верувам дека доколку тренерскиот тим посвети некое време на него, тој ќе врати три, четири или патпати повеќе“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×