Сотил објасни како го понижи Мурињо

by
1 минути читање

Удинезе под водство на Сотил има фантастичен старт на сезоната, на свој терен се уште нема примено гол, а синоќа ја демолираше Рома покажувајќи дека добрите игри претходно не се случајност.

Домаќините уште во 5. минута дадоа гол, а потоа со моќна транзиција која според Сотил е во ДНК на клубот, ја докрајчија волчицата.

„Ние сме во добра форма, тимот напредува, физички сме одлично подготвени и бевме фокусирани на пресинф, да го притиснеме противникот повисоко, без разлика на неговото име“, вели Сотил.

„Се трудам да креирам идентитет со овие момци и се надевам дека напредуваме од меч во меч. Вечерва тимот беше исклучителен, креираше многу шанси, имавме фантастични контра напади, таа моќна транзиција е ДНК на овој тим“.

„На Рома ѝ дозволивме многу малку, го затворивме просторот во средниот ред каде тие обично почнуваат да ги креираат акциите и ги неутрализиравме“.

„Со играњето на Толгај и Самарџиќ планот беше да го контролираме средниот ред и да ја отежниме работата на Рома, тоа функционираше многу добро“.

„Топката ја движевме брзо, исто како што се подготвувавме на тренинзите“.

„Имаме многу конкурентен состав, по двајца фудбалери на секоја позиција, секој ден работиме да напредуваме и се трудам сите да бидат инволвирани. Тоа мора да е силата на нашиот тим, секој да е дел од проектот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани