Сопругата на Тијаго Силва со нов криптичен пост по срамниот пораз на Челси ги „запали“ социјалните мрежи

by
1 минути читање

Во февруари
месец, кога Челси загуби на гостувањето кај Вулверхемтпн, сопругата на Тијаго
Силва крена голема прашина откако на Твитер напиша: „Време е за промена. Ако
почекате уште малку, ќе биде предоцна“.

Речиси сите го
толкуваа ова како напад врз тренерот Маурисио Покетино и барање за негов отказ.

По синоќешниот
срамен пораз на „сините“ од 5-0 на гостувањето кај Арсенал, Беле Силва се
огласи на социјалните мрежи со нов криптичен пост.

Таа постираше три
емоџи со кои ги опиша „трите мудри мајмуни“ и древната јапонска поговорка, „Не
гледај зло, не слушај зло, не зборувај зло“
.

Тијаго Силва натпреварот
го започна на клупата за резерви, шанса доби во финишот, кога резултатот беше
5-0.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×