Сопругата на Наинголан се пожали на ‘одвратни закани’ кон неа и нејзините ќерки

by
1 минути читање

Сопругата на
фудбалерот на Интер, Раџа Наинголан, тврди дека е на мета на закани на
социјалните мрежи, таа и нејзините ќерки, заканите ги нарече одвратни, а не
откри ништо подетално од која група доаѓаат истите закани.

Наинголан се
соочи со суспензија во Интер, а во јавноста излегоа и аудио снимки на кои се
слуша големата желба на Белгиецот да се врати во редовите на Рома, каде самиот
вели дека
би направил хаос
во Интер
, само да се врати
во Рим.

Дозволете ми да
кажам само една работа, со оглед на сите обвинувања и закани кои се на адреса
на мојот профил
“ почна таа.

Јас сум Клаудиа,
читам се
што вие пишувате до
мене, ништо повеќе. А во однос на заканите до моите ќерки и мене општо, тоа е
навистина одвратно!
“ напиша сопругата на Белгиецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани