Сопругата на италијанскиот ветеран ја нападна Дилета: Му ги наби градите во лице!

by Стефан
1 минути читање

Италијанската ТВ-водителка и спортска новинарка Дилета Леота повторно се најде во центарот на медиумското внимание, но овојпат не поради професионалните ангажмани или приватниот живот, туку поради изјавата на балерината и сопруга на поранешниот фудбалер Фредерико Балзарети, Елеонора Абањато.

Во интервју за италијанските медиуми, Елеонора отворено зборуваше за љубомората што ја чувствувала кон Леота, која со нејзиниот сопруг професионално соработувала на преноси од натпреварите во Серија А на телевизијата „ДАЗН“.

„Го сакам мојот сопруг исто како и првиот ден, но нема да лажам – љубоморна сум на Дилета. Таа е прекрасна жена. “, искрено призна Абањато.

Еден настан во Милано, каде што случајно ја сретнала Леота, особено ѝ останал во сеќавање.

„Можеби изгледаше самоубедено или премногу опуштено, но ми делуваше како да го познава премногу добро. Автоматски се стегнав, ѝ пријдов и ѝ реков: ‘Мило ми е, јас сум сопругата на Балзарети. Имаше еден гест што навистина ме погоди, кога буквално му ги поттурна градите в лице. Во тој миг бев искрено лута“,’“, раскажа Елеонора.

Дилета Леота, која веќе има изградена кариера уште од својата 17-та година, денес е една од највлијателните медиумски личности во Италија. Минатата година се омажи за германскиот голман Лорис Кариус, поранешен чувар на мрежата на Ливерпул, со кого ја има ќерката Арија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани