Сопругата на Ди Марија: Манчестер е ужас, сакав да се убијам… се преселивме само поради парите

by
1 минути читање

Анхел Ди Марија
во 2014 го напушти Реал Мадрид и се пресели во Манчестер јунајтед, но неговиот престој на Олд Трафорд траеше само 12 месеци, Аргентинецот експресно го
напушти клубот и направи трансфер во ПСЖ.

Неговата сопруга,
Хорхелина Кардосо сега уште еднаш се пожали од авантурата на северот во
Англија.

„Манчестер е
ужасен, едно време му кажав на Ди Марија, „Душо, ми доаѓа да се убијам, во 2
часот попладне е ноќ“. Во Мадрид, тој играше за најдобриот клуб во светот, градот
беше перфектен, храната беше перфектна, времето беше перфектно, се беше
перфектно“
– вели сопругата на напаѓачот.

„Но му понудија
многу пари, повеќе од она што заработуваше во Реал. Доколку работите за некоја
компанија и некој ви понуди двојно повеќе пари, секако дека ќе прифатите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани