Покрај одлуката за службена победа на Вардар во натпреварот против Воска Спорт од Фудбалската федерација на Македонија денеска информираа и за казните за иницдентот кој се случи на натпреварот помеѓу Струга и Гостивар.
Натпреварот во Струга заврши без победник со резултат 1-1, а по средбата дојде до голема мешаница и тепачка во која беа вклучени повеќе лица.
Екипата на Струга поради лоша организација е предадена на Дисциплинска комисија, но соопштение се казните и за учесниците:
Дардан Мифтари – тренер на голмани на ФК Струга Трим Лум исклучен на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;
Небојша Василевски – физиотерапевт на ФК Гостивар АД исклучен на натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на вршење на функција во траење од 1 (еден) месец;
Диата Ассане – фудбалер на ФК Гостивар АД исклучен од натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;
Аосман Аиас – фудбалер на ФК Гостивар АД исклучен од натпреварот ФК Струга Трим Лум АД – ФК Гостивар АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 4 (четири) натпревари од страна на дисциплинска комисија на ФФМ;