Вардар доби службена победа, ФФМ најави и дополнителни казни за Воска

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија денеска и официјално соопшти дека натпреварот помеѓу Воска Спорт и Вардар е регистриран со службена победа од 0-3 за „црвено-црните“.

Воска како што е познато на 15-тина минути пред крајот поради незадоволство од арбитражата го напушти теренот.

Освен што Вардар доби службена победа ФФМ ја најави и дополнителни казни за учесниците во инцидентот:

ФК Воска Спорт АД е предадена на дисциплинска комисија поради напуштање на теренот на натпреварот ФК ВОСКА АД- ФК ВАРДАР АД  од 28. коло во Прва МФЛ;

Арбри Клодиан – тренер на ФК Воска Спорт АД и Агон Хани – капитен на ФК Воска Спорт АД се предаваат на Дисциплинска комисија поради повикување на фудбалерите на ФК Воска Спорт АД да го напуштат теренот на натреварот ФК ВОСКА АД- ФК ВАРДАР АД  од 28. коло во Прва МФЛ;

Дадет Амос Губам – фудбалер на ФК Воска Спорт АД исклучен на натпреварот ФК ВОСКА АД – ФК ВАРДАР АД од 28. коло во Прва МФЛ се казнува со забрана на настап од 1 (еден) натпревар од страна на дисциплинска комисија на ФФМ.

ГОЛОТ НА ВАРДАР ПО КОЈ ВОСКА ГО НАПУШТИ ТЕРЕНОТ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани