Шпанската „Марка“ му посвети голем текст на новиот дом на Интер Мајами, наречен „сон на Дејвид Бекам“. Легендарниот англиски фудбалер и сопственик на клубот конечно ќе го добие стадионот кој долго време го најавува – „Miami Freedom Stadium“, чија изградба ќе чини околу милијарда евра.
Стадионот ќе биде повеќе од обичен спортски објект – замислен е како симбол на емоции, музика, култура и начин на живот. Со капацитет од 25.000 гледачи, ќе му донесе зголемување на приходите на клубот, а ќе биде активен цела година со концерти, хотели, канцеларии, забавни содржини и парк од 23 хектари.
Инспириран од новиот „Сантијаго Бернабеу“, ќе има подвижни трибини за заштита на тревникот, а посебна атракција ќе бидат ВИП ложите веднаш покрај теренот по примерот на НБА за уште поголема близина со славните личности. Кружат информации дека за тие места билетите би можеле да достигнат и цени до 500.000 евра за најголемите настани.