Сон одби 120 милиони евра од Саудиска Арабија: Парите не ми се важни во овој момент

by
1 минути читање

Сон Хеунг Мин доби примамлив предлог од Саудиска Арабија, беше објавено дека Ал Итихад е подготвен на Тотнем да му плати 60+ милиони евра за трансфер, а напаѓачот го чека четиригодишен договор вреден 120 милиони евра, односно плата од 30 милиони евра по сезона.

Сепак, фудбалерот од Јужна Кореја во овој момент од кариерата има други приоритети.

„Имам за постигнување уште многу работи во Премиерлигата. Во моментов не ме интересираат парите, важна ми е гордоста да играм фудбал во омиленото првенство. Сакам да играм за Тотнем во Премиерлигата“ – вели Сон.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани