Сон ќе го напушти Тотнем, Карло Анчелоти го сака во Реал Мадрид?

by
1 минути читање

30-годишниот Сон кој во Тотнем пристигна од Баер Леверкузен за 22 милиони фунти, можеби ја игра последната сезона во Премиерлигата.

Германскиот „Спорт1“ пишува дека тој размислува за следниот чекор од кариерата, а тоа можеби е Реал Мадрид.

Карло Анчелоти е фан на Сон и сака да го донесе во кралскиот клуб.

Сон за Тотнем има дадено 136 голови и 76 асистенции во 341 меч.

Него му е јасно дека сега е вистинско време за преселба во поголем клуб, понатаму ќе биде доцна.

Актуелниот договор на Сон со Тотнем истекува на крајот од сезоната 2024/25, а англискиот клуб е познат по тоа што тешко се откажува од клучните фудбалери. Даниел Леви е тврд преговарач.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×