Сон излезе со прва изјава по стартот над Гомеш и хорор повредата на Португалецот

by
1 минути читање

Андре Гомеш во неделата заработи хорор повреда, односно фрактура и дислоциран скочен зглоб на десната нога. Португалецот може да паузира и до една година, а случувањата на Гудисон Парк многу го погодија Хеунг мин Сон, кој го направи стартот по кој фудбалерот на Евертон незгодно падна и се удри во Орие.

Репрезентативецот на Јужна Кореја беше во шок и со солзи во очите го напушти теренот. Се говореше дека тој не е психолошки подготвен да патува за Белград и дуелот против Црвена звезда во Лигата на шампионите.

Хеунг мин Сон сепак вечерва се појави на „Рајко Митиќ“ и со два гола помогна Тотнем да триумфира со 0-4. При прославата на погодокот, тој уште еднаш се извини за стартот, а по крајот на натперварот излезе и со прва изјава.

„Ова беа навистина тешки неколку дена. Сфатив колку имам среќа што крај себе ги имам навивачите, пријателите и соиграчите. Сите ми испратија силни пораки. Секако, сеуште ми е многу жал за повредата на Гомеш и она што се случи“ – вели Сон.

„Но морав да се фокусирам на мечот за доброто на тимот. Морав да истрчам на терен и да работам напорно. Мислам дека ова е вистинскиот одговор на сета поддршка која ја добив“.

Триумфот во Белград беше прва гостинска победа за „спарси“ по 183 дена.

„Важно е да се победи на ваков натпревар, особено против тим кој дома не знае за пораз. Имавме правилен пристап, постигнавме гол во првиот дел и потоа беше полесно. Ова е огромна победа за нашата самодоверба“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани