Сомнителни врски помеѓу сопствениците на Челси и Саудиска Арабија, Невил бара Премиерлигата да ги стопира трансферите

by
1 минути читање

Саудиска Арабија
е главен играч на трансфер пазарот ова лето, државниот фонд ПИФ вбризга милијарди
во четири клубови од оваа земја, па многу играчи ширум Европа добија богати понуди.

Челси е еден од
клубовите кои договараат неколку зделки, пред трансфер се Калиду Кулибали,
Едуард Менди и Хаким Зијеш, а понуди добија и Ромелу Лукаку, Пјер Емерик
Обамејанг и Хадсон Одои.

Ова предизвикува
одредена загриженост бидејќи постојат сомнителни врски помеѓу сопствениците на
Челси и Саудиска Арабија. Имено, фондот ПИФ е еден од најголемите инвеститори
во компанијата Клерлејк Капитал, која е мнозински сопственик на „сините“.

Легендата на Манчестер
јунајтед, Гери Невил јавно проговори на оваа тема, побара Премиерлигата да
стави ембарго на трансферите и да спроведе соодветна истрага.

„Премиерлигата треба веднаш да стави емабрго
на трансферите во Саудиска Арабија и да се погрижи интегритетот на играта да не
биде нарушен. Мора детално да се испитаат трансакциите“
– вели Невил, кој сега
работи како стручен коментатор.

„Доколку нема
ништо спорно, трансферите можат да добијат зелено светло. Но искрено верувам дека во
моментов трансферите треба да бидат сопрени и да се погледне во сопственичката структура
на Челси и дали има некакви поволни зделки“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани