Солскјер сака да остане во Манчестер јунајтед, клубот го има последниот збор

by
1 минути читање

Солскјер има одличен старт на клупата на Манчестер јунајтед и доколку тимот продолжи да бележи добри резултати би можел да го натера раководството да му понуди долг договор, тоа е и негова желба.

„Мојата работа тука е наменета за петте преостанати месеци. Ова е план во моментот. Според сегашниот договор завршувам кон крајот на мај или почетокот на јуни. Мојата задача е да се влијае врз играчите за подобрување на резултатите. Сакам играчите да се движат во вистинската насока со мене. Ако после една или две години овие фудбалери освојат трофеи, ќе се чувствувам како дел од тоа, без разлика дали и понатаму ќе бидам на истата позиција. Се разбира, јас сум амбициозен. Но, како што му реков на директорот Ед Вудворд, јас сум подготвен за продолжување на соработката, изјави Солскјер.

Доколку не добие договор од Манчестер јунајтед има отворена врата да се врати во Молде од каде што и дојде, но се претпоставува дека интерес за него ќе има и од други премиерлигаши.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани