Солшер: Замислете само да имаше и 75.000 навивачи на трибините…

by
1 минути читање

Историски дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Лидс е големо дерби иако во последните децении двата клуба се на различно ниво.

По подолго време тие повторно се сретнаа во Премиерлигата, а Манчестер јунајтед со 6-2 буквално го прегази Лидс.

„Фантастична победа. Имавме план од првата минута да тргнеме офанзивно, и двата гола на Скот Мектоминеј во првите три минути ни дадоа одличен старт на мечот“, вели Солшер.

„Замислете само да имаше 75,000 навивачи тука. Во историјата ќе беше запишано како еден од подобрите перформанси на Манчестер јунајтед против Лидс на Олд Трафорд“.

„Поминавме една третина од сезона, се уште не сме ни на половина, па сега не гледаме на која позиција на табелата сме. Гледаме само како да напредуваме и мислам дека во последно време добро ни оди. Стануваме поподготвени и посилни“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×