Солшер: Таков е фудбалот… И ние имаме победувано со вакви доцни голови

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед пропушти голема шанса да се искачи на позицијата број три, во
последните мигови прими гол и одигра 2-2 против Саутемптон.

„Таков е фудбалот.
Најлошо е кога ќе примите гол толку доцна, но се случуваат вакви работи. Треба
да останеме силни и да се помириме, самите ние имаме победено многу пати на
ваков начин. Ова e дел од процесот на учење, мислевме дека ги имаме трите бода,
но останавме разочарани. Сепак, мислам дека и не ги заслуживме трите бода.
Саутемптон одигра навистина добро а ние тешко влегувавме во ритам“
– рече Оле
Гунар Солшер по крајот на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×