1,8K
Манчестер јунајтед одигра 0-0 на Енфилд против Ливерпул, резултат од кој речиси секој тим би бил задоволен, но не и Солшер.
„Да бидам искрен, разочаран сум. Со повредите кои ги имаат тие во последно време, треба да дојдете тука и да остварите резултат. Не го направивме тоа, но добро можеби и бодот би бил добар доколку го добиеме следниот меч“, вели Солшер.
„Не ги заслуживме трите бода бидејќи не одигиравме доволно добро, особено во првото полувреме. Во второто полуврем влеговме со цел да победиме, создадовме две големи шанси, но не успеавме“.
„Можеме да играме подобро од ова, го знам тоа. Треба да поправиме неколку работи“.