Рашфорд со едно писмо успеа да го предомисли британскиот премиер Борис Џонсон и да обезбеди храна за загрозени деца во текот на цело лето.
„Тоа што го направи Рашфорд е неверојатно. Маркус отсекогаш бил голем човек. Тој преку академијата на Манчестер јунајтед стигна до првиот тим, а за тоа да го направиш ти требаат и човечки особини“, вели Солшер.
„Тој го промени животот на многу деца ова лето, што е многу поважно од секој фудбалски натпревар кој го одиграл“.
„Маркус е голем човек, своето искуство како дете го претвори во промена на животите на многу деца“.
„Тој веќе беше капитен на Манчестер јунајтед иако е толку млад, цело време ги покажува своите човечки квалитети, што е главен атрибут на играч на Манчестер јунајтед“.
Пофалби стигнаа и од Жозе Мурињо кој исто така добро го познава Рашфорд од времето кога беше тренер на Јунајтед.
„Тој направи нверојатна работа, честитки за тоа“, вели Мурињо и ја искритикува британската влада што чека играч да им каже што да направат, а не тие самите да го сторат тоа“.
„Млаку ми е чудно што еден фудбалер направи ова да се случи, преку него владата дозна дека е правилно тоа да го направи. Тие требаше да чекаат еден играч јавно да направи притисок врз нив за да реагираат“.
„18-годишното момче кое пред неколку години го запознав, за мене сега е маж и човек со принципи. Да се бори за деца кои се многу слични на него кога тој бил мал е нешто многу убаво од Рашфорд“.