Солшер пред дербито со Ливерпул: Ние не играме на нерешено, ги сакаме сите три бода

by
1 минути читање

Денеска се игра големото дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул. Црвените ѓаволи го имаат најлошиот старт, а од друга страна тимот на Клоп е перфектен досега, не знае за ништо друго освен победа.

Ливерпул е фаворит на Олд Трафорд голем како ретко кога таму, но Солшер вели дека не мислат на ништо друго освен победа.

„Никогаш не прифаќате реми кога играте за Манчестер јунајтед. Сакам да излеземе и да ги освоиме трите бода. Потребни ни се бодови. Не е важно дали е Ливерпул, Манчестер Сити или Брајтон, ние сакаме да победиме. Треба да почнеме да победуваме и ќе видиме како ќе се одвива планот за игра“, изјави Солшер.

Тој е под голем притисок, се верува дека деновите му се бројат и пораз од Ливерпул само ќе го забрза неговиот отказ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани