Манчестер
јунајтед синоќа повторно имаше слаб старт на еден натпревар откако Шефилд
Јунајтед прв дојде до водство уште во петтата минута по киксот на Хендерсон,
меѓутоа Рашфорд беше и повеќе од расположен па со два гола, како и еден на
Марсијал, „Црвените ѓаволи“ на крајот дојдоа до посакуваната победа, и тоа со
резултат 2-3.
Крај аут линијата
во моментите кога фаворитот имаше гол предност се случи и една кавга помеѓу
двајцата тренери, Крис Вајлдер и Оле Гунар Солшер, иако реткост е да се види
норвешкиот фудбалски стратег во една таква ситуација.
Се работи за
моментот кога Шефилд Јунајтед почна да притиска повеќе откако намали на 2-3, па
следеше еден задоцнет старт на Ампаду над Рашфорд, за што Вајлдер сметаше дека
е „чист“, но Солшер не се согласуваше па му се „нафрли“ на домашниот тренер, а
по мечот ја објасни таа ситуација.
„Воопшто не ми
пречат фер стартови, но имаше неколку пред моите очи“ изјави Солшер.
„Ова е еден од
тие натпревари каде момците ќе можат да извлечат поука, еден вистински меч
каков што треба да биде и општо фудбалот“ додаде тој.
„Можеби претерав
со зборовите во ситуацијата со Вајлдер, но се извинив, ќе испиеме по некој
пијалок сигурно по ова“ заклучи Норвежанецот.
Во следното 14
коло, Шефилд Јунајтед, кој со само еден бод е закован на дното, гостува кај
Брајтон во недела, истиот ден Манчестер јунајтед на домашен терен го пречекува
Лидс на нашиот Езгјан Алиоски.