„Црвените“ имаат неверојатна сезона, па конечно по 30 години пауза стигнаа до титулата од
Премиерлигата.
„Секој тим што ќе
ја освои Премиерлигата ја заслужува, и треба да добие заслугa. Тешко е да се
триумфира во Премиерлигата. Па честитки за Клоп и неговите играчи“ – вели Оле
Гунар Солшер.
„Секогаш боли
кога ќе видите како друг клуб го крева пехарот. Морам да признам дека така се
чувствуваат сите во Манчестер јунајтед и нашите фанови. Сакаме да се вратиме на победнички
патеки, тоа е нашиот предизвик“.
Манчестер
јунајтед имаше пост од 26 години без титула од првенството, но потоа под
водствот на Сер Алекс Фергусон беа освоени 13 титули во 20 години. Норвежанецот
сепак не очекува ваква доминација од Ливерпул.
„Бројот на титули
кои го освоивме под водствто на Сер Алекс Фергусон тешко дека некој ќе може да
го повтори тоа. Ферги знаеше како да остане на врвот, беше мајстор за ова“.
„Предизвик за нас
сега е да се погрижиме да не чекаме 26 или повеќе години за следната титула од
Премиерлигата. Ќе се потрудиме да ја скратиме временската рамка“.
По пензионирањето на Шкотот, „ѓаволите“ се далеку од врвот и веќе осум години немаат титула од Премиерлигата.