Солшер го предупредува Погба: Никој не е поголем од клубот

by
1 минути читање

Погба остана на клупата на мечот меѓу Манчестер јунајтед и Лидс кој неговите соиграчи го добија со 6-2. Нејасно е дали ќе биде продаден во јануари или во летниот предоен рок. Мали се шансите да го продолжи договорот со англискиот клуб.

„Пол беше тука уште како дете, играше за У18, рано потопишавме со него“, вели Солшер.

„Тој знае што е Манчестер јунајтед и што значи да се биде во овој тим. Нема никој да поддржам што мисли дека е поголем од Манчестер јунајтед бидејќи никој не е. Апсолутно никој не е поголем од клубот и Погба го знае тоа. Тоа не е само за Погба, туку за сите нас“.

„Погба отсекогаш бил амбициозно момче кое сакало да игра фудбал. Тој тренира добро, никогаш не одбил да тренира или игра, добро се однесува. Оваа сезона беше повреден, имаше ковид. Сега се бори да се врати во комплетен фитнес“.

„Се разбира дека тој сака да игра добро кога ќе добие шанса и сака да биде на теренот колку што може повеќе“.

Оваа сезона Погба има играно на десет мечеви од Премиерлигата, постигна еден гол и нема асистенција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×