Солшер го потврди трансферот на Санчез во Интер, легендарната 7ца на Јунајтед ќе биде на грбот на Санчо

by
1 минути читање

Тоа што претходно го најави Бепе Марота, сега го потврди и Солшер, Санчез наскоро ќе го официјализира перманентниот трансфер во Интер.

„Можам да потврдам дека тој се согласи и ние се согласивме. Тоа е добар трансфер за него. Му посакуваме се најдобро. Тој е голем фудбалер. Од некои причини ние не го видовме најдоброто од Алексис, но тој е врвен професионалец и му посакуваме се најдобро“, изјави Солшер по вчерашната победа над ЛАСК.

Заминувањето на Санчез значи дека ќе се ослободи легендарниот број 7 во Манчестер јунајтед кој претходно го носеа Џорџ Бест, Брајан Робсон, Ерик Кантона, Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо.

Тоа е бројот кој го носи Санчо во Борусија Дортмунд, па повеќе од сигурно е дека тој ќе ја земе тешката седмица кога ќе пристигне на Олд Трафорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×