Солшер ги склопува коцките, Манчестер јунајтед почна преговори со Погба за нов договор

by
1 минути читање

Бележиме голем
пресврт во ситуацијата со Пол Погба, иако подолг период се најавуваше дека
Французинот ќе си замине од Манчестер јунајтед, овој пат медиумите известуваат
дека обете страни започнале преговори за нов договор.

Како за
потсетување, претходно контроверзниот агент Мино Рајола дури и имаше војна на
зборови со Оле Гунар Солшер, но се чини дека таквата ситуација повеќе ја нема,
а очигледно е дека Французинот ја донел конечната одлука за неговата иднина, а
тоа е да остане на „Олд Трафорд“.

Фабрицио Романо
пишува дека Манчестер јунајтед веќе почнал преговори со Рајола околу нов
договор за Погба, од таму се додава дека клубот се уште нема прецизирано
официјална понуда, меѓутоа големи се очекувањата Французинот да стави потпис на
нов договор со „Црвените ѓаволи.

27 годишниот
Погба ги надмина проблемите со повредите, барем за момент, сезонава на 11
настапи запиша четири погодоци, а што се однесува пак до неговиот актуелен
договор, истиот истекува идното лето, но во него има и опција за дополнителни
12 месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×