175
Карлос Солер беше
едно од засилувањата кои ПСЖ ги донесе во последните денови од преодниот рок,
Шпанецот за 18+ милиони евра ја напушти Валенсија и се пресели во Париз.
Во вторникот тој
дебитираше за „светците“ и во завршницата од мечот влезе во игра на местото на
Лео Меси.
Но за кратко
време тој осети кој е главен на теренот. При една контра, Нејмар имаше можност
да му ја додаде топката на Карлос Солер и да го стави во гол шанса, но
Бразилецот реши да го игнорира, продолжи да ја влече топката и на крајот го
проигра Килијан Мбапе.