Со крајот на 2022 година, истече договорот на Солбакен со Бодо/Глимт, по што тој и официјално стана фудбалер на Рома и веќе може да почне со работа во римскиот клуб.
Рома пред некој месец го договори трансферот на Солбакен и официјално го соопшти. Но Бодо/Глимт не сакаше да го пушти Норвежанецот порано и покрај тоа што немаа натпревари. Тие инсистираа дека додека не помине неговиот договор, тој не смее да тренира со Рома.
Солбакен може да игра на повеќе позиции во нападот и тој се посочува како сериозно засилување за Рома.
Ola #ASRoma pic.twitter.com/1fU4rvXbDG
— AS Roma (@OfficialASRoma) January 1, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.